Димитров и колегите од Западен Балкан испратија барање до Европската комисија

од Vladimir Zorba

На иницијатива на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испратија писмо до Комесарот за трговија Хоган, Комесарот за соседство и проширување Вархеји и до Високиот претставник на ЕУ и потпретседател на ЕК Борел со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции односно специјални извозни дозволи.

Корона вирусот се прошири во сите делови на Европскот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и взаемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со корона вирусот се здравствените работници сите заедно мораме да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа Ние, партнерите од регионот се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион.

Регионот на ЗБ е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за да успешно се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик.

Слични содржини