Димитров и Османи од Брисел: Линде и Хависто изразија принципиелна поддршка за нашите европски интеграции

од Берта Китинска
Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата  задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.
Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните, и пред сѐ, на добрососедските односи.
Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Слични содржини