144
Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на Европската Унија на Балканот, рече вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија во Брдо во Словенија .
-Го спомнав зборот криза, доаѓа од етимологија на решителност. Мислам дека под словонечкото претседателство во следните недели и месеци ќе ја достигнеме оваа точка на решителност. Или ќе ја обновиме кредибилноста на ЕУ на Балканот или ќе ја изгубиме. Мислам дека многу зависи од знаењето и мудроста на словенечкото претседателство да успееме, а не да потфрлиме“, рече Димитров.