Димитров: „Илинденско преображание“ е бугарска верзија на документот, кај нас е секогаш Илинденско востание

од Nikola Popovski

Информациите дека наводно сум прифатил Илинденското востание да стане „Илинденско преображение“ дојде тој ден, грижејќи се на топењето на условите кој премиерот Ковачевски ги најави од Брисел. Беа пет, но се споменуваше јазикот, ако речеме дека тој е заштитен, да дојдеме за само неколку дена за само еден збор што нѐ дели од успех. Од повик до Бугарското собрание да не го усвојува предлогот, тој после тоа го нарече голем напредок, изјави вечерва поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Тој истакна дека предупредил на ова, велејќи дека е време е гласно да ги повториме македонските позиции, за да ги чујат сите дома и надвор, особено еврокомесарот Вархеји, кој постојано игнорира што сака оваа земја.

-Османи нападна со дефокус, вадејќи бугарска верзија на документ. Во бугарската верзија е така како што викаат Бугарите, кај нас е Илинденско востание. Тој документ е разговаран кога нема вето и кога Бугарија ја поддржува европската иднина на македонската страна. Се лаже дека сме прифатиле обврска. Беа изнесени две-три лаги во таа приказна, прокоментира Димитров по нападите, гостувајќи во емисијата „24 отворено“.

Слични содржини