Димитров: Изјавата на Закаријаш не го отсликува ставот на Лисабон

од Берта Китинска

Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров изјавата на Ана Паула Закаријаш, португалската државна секретарка за европски прашања ја оцени како поприлично несреќна.

-И јас и министерот за надворешни работи вчера контактиравме со Лисабон и португалското претседателство. Укажавме на оваа крајна несоодветност, која беше наведена и во владиниот став и добивме уверување дека изјавата апсолутно не го отсликува ставот на Лисабон, кој останува на линија на поругалскиот предлог и беше изразено жалење во оваа смисла. Одтаму ни рекоа „зошто воопшто за ова разговараме“ затоа што во предлог-преговарачката рамка што излезе од Европската комисија во еден параграф се вели дека ќе биде целото европско законодавство за кое што зборуваме преку националната програма преведено на македонски јазик и дека земјата ќе треба да има доволен број на преведувачи во моментот за зачленувањето, рече Димитров.

Слични содржини