Димитров: Ќе се вратиме во нормала кога повеќе луѓе ќе се вакцинираат

од Берта Китинска

Исклучително е важно да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

-Ние имам директен договор со компанијата Фајзер за дополнителни  дози, имаме договор и со „Синофарм“ и оваа доза го олеснува процесот на масовната вакцинација. Имаме договор и со Спутник и тој процес е во тек и ќе имаме договор со Синовак. Кога се работи за живото и здравјето на луѓето од  исклучителна важност е да се вакцинираат што повеќе луѓе за земјата да се врати во некаква нормала.Ние сме народ со  јужен менталите, кој е зависен од социјализација, истакна Димитров.

Слични содржини