Димитров кон работодавачите: Не очекувајте дека Владата ќе ги покрие 100% од изгубените приходи и зголемените трошоци

од Vladimir Zorba

„Нашето однесување и мерките кои ги превземаме се од огромно значење за државата, затоа што покрај нашите вработени, вработените во здравството, полицијата, војската и другите институции кои се неопходни во овој момент исто така чекаат плата“, вели во своето обраќање до работодавачите Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Тој исто така ги охрабри да издржат со проблемите кои ги донесе вирусот КОВИД-19.

„Најпрвин неопходно е да ги почитуваме сите мерки и препораки кои доагаат од надлежните органи за да се спречи ширењето на заразата за да се справиме што по безболно со овој предизвик. Организацијата на работодавачи е во постојан контакт со владините преставници и навреме ќе Ви ги доставуваме сите мерки, препораки и Одлуки на Владата и другите институции за да навреме пристапите кон нивната примена. Од вчерашната прес конференција на Министерката за финансии јасно е дека Владата е свесна дека покрај решавање на проблемот со ширењето на вирусот и одржување на здравствениот систем, неопходна е државна помош за спас на економијата“,смета Димитров.

Тој посочува дека секојдневно се соочени со разни постови на социјалните мрежи каде граѓаните упатуваат „неосновани и паушални критики на бизнисот“, како бизнисмените да се главните кривци за настанатата состојба.

„Не нарекуваат олигарски, богаташи и најчесто „газди“ со толку голема омраза и дури се ситат на проблемите на компаниите и би биле среќни сите да се затворат. Веројатно овие луге никогаш не влегле во фабрика и мислат дека буџетот се полни од министртите и од партијата на власт. Некои велат дека и граѓаните учествуват во полнењето на буџетот со тоа што плаќаат ДДВ при купувањето на стоките во самопослугите, но забораваат дека граѓаните мораат да земат плата за да отидат до продавница. Го гледаат профитот на Телеком, банките, компаниите во ТИРЗ-овите, монополите, меѓу кои има и такви фирми кои немаат ниту еден вработен, а остваруваат профити од неколку десетици милиони евра, ама несвесно или злонамерно ги занемаруваат фирмите кои едвај издржуваат од први до први и микро и малите претпријатија кои учествуваат со 90% во нашата економија“, вели Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија.

За жал, според него, вакви небулози шират и некои т.н. експерти дури и повикуваат на враќање на социјализмот и работничкото самоуправување.

„Нека свикаат референдум за промена на системот на управување и јас ќе гласам „ЗА“. Но мораат да сватат дека во капитализмот развојот на државата се заснова на идеите, храброста, пожртвуваноста, знаењето и умешноста на претприемачите, а државата е должна да овозможи добри услови за стопанисување. Впрочем слободата на претприемништвото е гарантирана со Уставот и секој има право да отвори фирма и да биде „газда“. Верувам во Вас и знам дека во деновите, неделите и месеците кои следат ќе ги носите вистинските одлуки, одлуки засновани на разум, одговорност и свесност за последиците. Не одлучувајте врз база на притисокот од јавноста иако сте свесни дека под тој притисок и некои Влади ги сменија своите одлуки. Проценете колку вашиот бизнис е значаен за државата во овој момент, дали и кога е неопходно да престанете со Вашата дејност, како да ги задржите Вашите вработени на работните места, како да останете финансиски стабилни во идните три месеци за да успеете навреме да исплаќате плата?“, смета Димитров.

Во текот на оваа недела Владата ќе излезе со по конкретни мерки за помош на стопанството, но не очекувајте дека ќе ги покрие 100% од изгубените приходи и зголемените трошоци, затоа во ова тешко време ни е потребно да ја потиснеме паниката и стравот, да ја подигнеме личната одговорност и заеднички да излеземе од оваа криза, се вели во неговото обраќање.

Слични содржини