Димитров: Крајно време е Унијата да испорача кон С.Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување

од Берта Китинска

Вицепремиерот Никола Димитров на покана на австриската министерка Каролине Едштадлер, денеска во Виена учествуваше на Самитот за Западен Балкан, на ниво на министри за европски прашања, како надополнување на пленарната сесија на шефовите на влади организирана од австрискиот канцелар Курц.

„Ако се вратиме на основите како што предвидува и самата методологија, не смееме да го заборавиме базичното правило дека процесот на пристапување е двостран и подразбира испорачување на обете страни.

Крајно време е Унијата да испорача кон Северна Македонија, исполнувајќи го сопственото ветување за почеток на преговори откако земјата ги исполни сите услови.”, рече Димитров.

Димитров дополни дека Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е признание од страна на ЕУ дека треба да стори повеќе за регионот за да го одржи процесот на европеизација, како подадена рака за фундаментални реформи, брза имплементација и регионална економска интеграција.

Слични содржини