Димитров: Македонскиот идентитет ми е поважен од политичката кариера, ќе спречам преговорите со Бугарија да отидат во лош правец

од Viktor Jovanov

Мојата грижа за македонскиот идентитет е прашање поважно од мојата политичка кариера. Апсолутно ќе бидам дел од било какви разговори. Бев предводник на изборна единица во Скопје и бев избран. Тоа им го должам на граѓаните, изјави вицепремиерот Никола Димитров задолжен за европски прашања.

Тој додава дека Македонија треба да ја каже својата страна од приказната, и дека не е С. Македонија таа која го внесе ова прашање во ЕУ, туку дека Бугарија го направи тоа-во 21 век да се каже во ЕУ дека нашиот јазик не постои туку дека е дијалект.

-Мојата одговорност е посилна од се друго за ова прашање. Ние ќе бидеме со Заев тим, некогаш имаме разлика во тактиката, меѓутоа како потпреседател на владата, кој учествувал на избори, ми дава за право да бидам дел од сите суштински разговори за ова прашање и дел од решението. Доколку видам дека работата оди во лош правец ќе бидам тој што ќе го спречи тоа. Така ја гледам мојата позиција, инаку би се сведел на декор, тоа е невозможно. За ова прашање и за уште неколку кои се важни за граѓаните, мојот глас ќе биде случнат и во ЕУ и надвор од ЕУ, вели Димитров.

loading...

Слични содржини