Димитров: Македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница

од Aleksandar Todeski

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку социјалните мрежи извести дека најголемиот дел од македонските превозници ја поминале италијанско-словенечката граница со обезбедена траса преку Хрватска и Србија.

„Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија. Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома“, напиша Димитров на Фејсбук.

Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена…

Публикувахте от Никола Димитров – Nikola Dimitrov в Неделя, 15 март 2020 г.

Слични содржини