Димитров: Мислев Силјановска е „обланда“ на злосторничките политики, таа се покажа како нивен суштински дел (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Мислев дека Силјановска е „обланда“ на злосторничките политики, низ кампањата се покажа како нивен суштински дел. Мислев е за вчера, таа била за политики од минатиот век“, изјави вечерва во гостувањето на Топ тема носителот на првата изборна единица на коалицијата „Можеме“, Никола Димитров.

– Вие трчате за партија која што меѓудругото има и обвинение за злосторничко здружување, втор пат сте кандидат, бевте претседателски кандидат сега сте прв во Скопје. Велите не сте член на партијата, но и јас не сум член и да го користиме истиот аршин, мојата кауза е македонската кауза и за неа работам во моментов, за таа кауза е коалицијата „Можеме“ и СДСМ“, рече Димитров.

Слични содржини