Димитров: Моите предупредувања станаа реалност, употребата на краткото име е обид за спин

од Берта Китинска

Јас во средата предупредив споменувајќи ја македонската нота до ОН за долгото и краткото име и тогаш прашав дали се размислува за тоа да се направи и кажав дека тој чекор ќе ги ослабне македонските преговарачки позиции, вели во Топ Тема, поранешниот вицепремиер Никола Димитров.

-Тоа што посебно денес ми пречи е и тоа што за жал предупредувањето стана реалност немам причина да ликувам мислам дека напротив чувствувам разочараност бидејќи ние имавме една позиција градејќи ги односите со Бугрија дека „ништо не е договорено додека се не е договорено“ и не може да се прават отстапки од едната страна, тоа што ја потценуваа јавноста во Македонија е начинот како беше ова претставено дека Бугарија нема повеќе да преговара за името тоа е обид за спин, вели Димитров, додавајќи дека тоа било едно од барањата на Бугарија.

На денешната заедничка прес-конференција во Скопје, премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков соопштија дека Бугарија прифати да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Северна Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

Слични содржини