Димитров на средба со Клус: Словачка е силен поддржувач на евроинтегративните активности на С.Македонија

Вицепремиерот задолжен за еврпски прашања, Никола Димитров денес оствари видео средба со државниот секретар за ЕУ од редовите на Министерството за надворешни и европски работи на Словачка, Мартин Клус.

На оваа средба, Димитров посочи дека Словачка е една од земјите кои се најангажирани кога станува збор за проширувањето на ЕУ, но и земја која ја промовира Унијата во рамки на вредностите.

Во рамки на оваа средба, Димитров исто така ги потенцирал активностите на земјава и фокусот на Владата за евроинтеграција.

Како што потенцираат од прес службата на Владата, Словачка уште еднаш го потврдила тоа дека С.Македонија има поддршка во евроинтегративните процеси.

„Беа реафирмирани цврстите пријателски билатерални односи и разгледани можностите за унапредување во повеќе области, со засилен ангажман на Словачка во областите каде најмногу може да придонесе“, се вели во сооопштението од Владата.

Слични содржини