Димитров нанесе голема штета на Хрватска, Србија и нас како семејство, вели таткото на Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba

Состојбата околу коронавирусот, кој се појави на хуманитарниот тениски турнир „Адрија Тур“ во Задар, сè уште не се смирува, а на крајот се јави и таткото на главниот организатор, Новак Ѓоковиќ.

– Како се појави инфекцијата? Веројатно затоа што Димитров пристигна болен, којзнае од каде. Тој не беше тестиран во Задар, туку некаде на друго место. Мислам дека тоа не е во ред, но добро, што да се прави. Тој нанесе голема штета на Хрватска, Србија и нас како семејство, рече Срѓан Ѓоковиќ за РТЛ и продолжи:„На никој не му е добро, ниту на мојот син. Мораме да излеземе посилни од ова и да разбереме дека сè ќе помине, и на некој начин треба да се заштитиме“.

Таткото на светскиот рекет бр.1 додаде дека се надева дека ќе дојде повторно во Задар кога ситуацијата ќе се стабилизира.

Покрај Димитров, позитивни за коронавирусот се и Борна Чориќ и Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини