Димитров: Нашата битка денес е всушност битка и на Европа со самата себе

од Vladimir Zorba

Нашата битка денес е всушност битка и на Европа со самата себе, да си го одржи зборот. Крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така ќе бидеме заеднички победници. Да ни е честит Денот на Европа.

Ова е пораката што денеска ја испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, кој заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир ја посетија канцеларијата на Еко Пошта корисник на проектот ЕУзаОтпорност.

Тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкан и на тој начин не го комплетира проектот на обединети европски држави.

На Денот на Европа, рече во обраќањето Димитров, повторно зборуваме за иднината, за мирот, за заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент и треба да се вратиме кон основата, кон она што не обединува и заради кое сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.

„С Македонија не само што сака да биде дел од ЕУ, туку често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така, конкретно преку и нашето дејствување како стабилен партнер на меѓународната сцена и според зборовите токму на ЕУ – светол пример во регинот за решавање на тешки прашања. Тоа е патот по кој чекориме одлучно и непоколебливо и нема да се откажеме без оглед на предизвиците затоа што македонсктие граѓани заслужуваат да бидат и формално дел од ова семејство, истакна Димитров.

Додаде дека она што не обединува се вредностите и стремежот за подобар живот за македонските граѓани кои тоа го заслужуваат, преку итно откочување на европскиот пат. Оваа определба, подвлече, е врзното ткиво што го обединува целото наше општество, од партиска, од политичка, од етничка природа.

Вицепремиерот потенцира дека во 21 век недозволиво е да работиме на разединување, на актуелизирање на теми за промена на граници, на идентитетски прашања кои се повеќе наратив на 19 и почетокто на 20 век.

– Пандемијата на КОВИД – 19 не потсети колку сме сите заедно поврзани, зависни едни од други и ранливи, без разлика каде се наоѓаме, дали сме големи или мали, но силно обединети во различностите и си помагаме меѓусебно, рече Димитров.

Слични содржини