Димитров: Не гледам опција пратеник од опозицијата да гради две-третинско мнозинство за овој предлог

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров потенцира дека Бугарија сега сака да го внесеме делот од бугарскиот народ што живее во земјава во нашиот Устав.

-3504 граѓани на последниот попис. Двојниот стандард тука е неверојатен. Реципроцитет би бил и тие барем да го обезбедуваат правото за слободно здружување и регистрирање. Тие велат кај нас да внесеме дел од Бугарите во преамбулата, а не сме спремни да изговориме дека мнозинството што живеат тука, македонскиот народ е македонски и да изговориме македонски јазик, чесно би било да пробаме, побара Димитров.

Тој појасни дека Бугарија има аспирација да нѐ „бугаризира и асимилира“.

-Има јасно соопштено таква аспирација дури и од шефот на бугарската држава, која што е испреплетена со нашиот пристапен процес кон ЕУ. Ние не сме внатре, тоа е погрешна теза. Ние сме во НАТО и таму сме рамноправни. Ако сега ова помине, следнава недела можеме да имаме Прва меѓувлаадина конференција со ЕУ и Комисијата ќе почне скрининг, но фазата за отворање е во две меѓувладини. За втората ќе чекаме две-третинско мнозинство во Собранието и отворање на Уставот, смета Димитров во гостувањето на „Само интервју“ и додава:

-Не гледам никаква опција пратеник од опозицијата да влезе и да гради две-третинско мнозинство за овој предлог. Овој предлог за разлика од Преспанскиот договор не го затвора македонското прашање на начин „ние сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик“.

Слични содржини