Димитров: Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација

од Vladimir Zorba

„Нема поголема гротеска и дрскост кога овие од злосторничкото здружение клеветат за меѓународна изолација. Читам и не ми се верува. Александар Николовски вели дека годинава немало никој од власта во Давос, на Светскиот економски форум. Напиша и излажа“, пишува министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот ФБ профил.

„На покана на претседателот на оваа организација Бренде, не само што учествував на Светскиот економски форум, туку како единствен МНР од нашиот регион бев и говорник на специјалната сесија за Балканот, заедно со премиерите на Хрватска, Бугарија, Словенија, претседателите на Србија и на Косово и МНР на Турција и на Шведска. Објавивме и официјално соопштение и фотографии.

За некои области, како што е надворешната политика, здружението да беше мудро ќе си седеше мадро“, вели Димитров.

Слични содржини