Димитров: Ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите

од Берта Китинска

Ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров кој додаде дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.

-Или сите ќе бидеме губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатабилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зоборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион, рече Димитров.

Слични содржини