Димитров: Ние сме тие кои треба да се прашаат кои сме, како се чувствуваме и каков јазик зборуваме

од Nikola Popovski

„Јас сум Македонец и мојот мајчин јазик е македонски. Јас не дозволувам ниту мојата држава да се дрзне да ми навлезе во тој простор, а не па некоја друга земја“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров за емисијата „360 степени“ за спорот со Бугарија во поглед на историјата.

Според него, ова се коси со европските вредности, се коси со меѓународното право и не се рационално и мудро во смисла на тоа што сакаат да го изградат.

„Факт е дека ова не е нова ситуација. Ние сме тие кои треба да се прашаат кои сме, како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. Односите со Бугарија ќе биде последниот чекор и конечно затворање на тоа прашање“, вели Димитров и дополни дека треба да се сретнуваме и да разговараме и дека е можна посета на Софија, но се уште е без конкретен датум.

Слични содржини