Димитров: Оние кои ја нападнаа својата држава, за да бегаат од одговорност, сега зборуваат за правда

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кандидат за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, на синоќешната трибина во Скопје порача дека срамота е луѓето од опозицијата кои беа спремни да ја нападнат својата држава, за да бегаат од одговорност, да зборуваат денес за правда. Димитров вели дека токму тие 18 месеци преговараа за Законот за јавно обвинителство, за да ја избегнат правдата и покрај барањата на ЕУ тој закон а биде донесен.

– Препораката на Европската комисија, во 2016 година ја изгубија. Перспективи нула. Заглавени во слепа улица. Со пријатели помалку од една рака. Не се ни шепкаше за нас во ходниците на НАТО. Безнадежен случај во Брисел, во европските институции. И играње на меѓуетнички тензии. Да не заборавиме што беше контекстот за нападот во Собранието, вели Димитров.

Според него, ЕУ заедно со програмата на коалицијата „Можеме“ е најдобриот компас и пат за економијата, за животната средина и за инфраструктура, уверувајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ не постојат ни теоретски шанси за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ.

– И сите вие што не сте задоволни од нашево туркање напред, турнете не’ сега во среда. За да немаме тегови на нозете! За да трчаме напред!, посочи Димитров и ги повика сите граѓани за заокружување на бројот 3.

Слични содржини