Димитров: Политичкиот колач мора драстично да се скрати и точно да се знае каде завршува политиката и политичките функции

од Vladimir Zorba

Партизацијата е наш непријател, заедно со својата сестра – корупцијата. Партизацијата е главниот виновник за ерозијата на образованието, здравството и правосудството, пишува поранешниот МНР на земјава и вицепремиер, Никола Димитров.

„Политичкиот колач мора драстично да се скрати и точно да се знае каде завршува политиката и политичките функции. Политичките партии треба да ги турнеме таму каде што им е местото. Да водат политики, а не да вработуваат и да поставуваат за директори на јавни компании и агенции свои гласачи.

Младите луѓе мора да имаат еднакви шанси, без разлика на нивната политичка или било каква друга припадност или неприпадност. Од почетните вработувања, до менаџерските позиции во јавниот сектор, критериумите мора да бидат способност и знаење, способни луѓе избрани преку јавен конкурс од луѓе кои не зависат од политиката.

Системот мора да биде ист и за нашите и за вашите и за ничиите!“, истакна Димитров.

Слични содржини