Димитров: Посетата на Мас е јасна порака дека имаме поддршка од Германија

од Aleksandar Todeski

Чест ми е што денеска имаме висок гостин од Берлин, министерот за надворешни работи, господинот Хајко Мас и мој личен пријател. Оваа посета е јасна порака дека Северна Македонија ја има поддршката од Германија, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров на прес конференција со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, кој е во официјална посета на Северна Македонија.

„Ние и како држава и како регион имаме незавршена работа со Европската Унија. Разговаравме за тоа што претстои и како да ја завршиме работа, да имаме успех и дома и целиот Западен Балкан, бидејќи сите имаат интерес овој регион кој е дел од Европа да стане суштински Европски“, рече Димитров.

Тој кажа дека Германија е голем трговски партнер на Северна Македонија и дека оваа година размената ќе биде над 4 милиони евра.

„Се надевам дека симболот на падот на Берлинскиот ѕид, кој беше кулминација на жедта на луѓето за слобода и демократија, ќе ни даде поттик да ги срушиме една по една бариерите кои нашиот регион ги има“, истакна Димитров.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини