Димитров пристигна во Белград: Македонија останува посветена на иницијативата „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашање, Никола Димитров, пристигна во Белград, каде утре ќе учествува на разговорите за иницијативата „Отворен Балкан“.

Димитров на аеродромот „Никола Тесла“ бил пречекан од српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ.

Во изјава за Танјуг по слетувањето на белградскиот аеродром, Димитров изјавил дека Северна Македонија, и покрај последните настани во таа земја по локалните избори, е целосно посветена на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Доаѓам во време кога, како што знаете, завршија локалните избори во Северна Македонија, кои оставија последици, па дури и политичка криза на некој начин. Важно е да испратиме сигнал дека ние како држава и Владата, се целосно посветени на иницијативата.роди на Балканот и која има за цел, пред сè, на европскиот Балкан“, рече Димитров.

Тој посочи дека регионалната соработка е „апсолутно европска приказна“ и наведе дека соработката може дополнително да се продлабочува.

„Имам намера да предложам дигитализацијата да биде вклучена како важен сегмент во иницијативата и како дигитализацијата може да помогне да се забрза регионалната соработка“, рече Димитров.

Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, Димитров ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Фото: TANJUG/ RADE PRELIC

Слични содржини