Димитров: Размислував за протест пред ЕУ делегацијата со македонското знаме

од Nikola Popovski

Ни недостига едно смирување на топката, има по некој такви повици од различни места. Ова со насилството при слободното собирање и протестирање треба да не загрижува и сите политички субјекти имаат одговорност да ја смират ситуацијата. Малку треба да се забави ова панично брзање. Ми пречи што овие широки консултации се како фингирани, вели поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Според него, недостига клучен дел во пакетот – билатералниот протокол.

-Кога Бугарското собрание дебатираше и си ја усвои Резолуцијата за францускиот предлог, тие го добија протоколот. Генчовска рече да биде мирно Собранието. Тоа е клучно бидејќи протоколот е вметнат во патот што се нуди. Не бев на протестите, се мислев. Имав повици од граѓани преку социјалните мрежи да повикам. Размислував за протести пред Европската делегација со македонското знаме и знамето на ЕУ, на некој начин повик кон ЕУ и потсетник за сопствените вредности. Мотото на ЕУ е обединети во различностите. Тоа е дел од темелните договори, рече Димитров во емисијата „Само интервју“.

Слични содржини