Димитров: Реакцијата на Филипче е дрска лага, ги поддржував неговите мерки

од Nikola Popovski

Не сакам да му наштетам на министерот Османи. Тоа не ми беше целта. Целта ми е да ја предупредам македонската јавноста дека гајлето ќе мора да се бере, бидејќи реално имаме нов премиер и треба да се даде шанса, изјави вицепремиерот Никола Димитров во емисијата „360“.

Според поранешниот шеф на дипломатијата, Османи не сакал предлозите и конечното решение со Бугарија да го донесе во Собрание на гласање, на што Димитров посебно се спротивставил.

-Тоа ме загрижуваше. Добро е да оди во Собрание. Јас сум човек, кој многу живее со овие прашања и со нив се занимавам уште од 90-тите години, а посебно од 2003 година. Мојата одговорност и согласност наложува да го направам ова, посочува Димитров.

Вицепремиерот е особено изненаден од нападот од министерството за здравство и министерот Венко Филипче.

-Реакцијата на Филипче е дрска лага, што претставува дрска лага и симбол на старата политика, што се бориме. Јас цело време го бранев него и бев еден од ретките што се заложуваше за неговите мерки што ги предложи, иако немаше поддршка во Владата. Тоа е 97 седница на Влада на 7-ми август. Не може да се прави политика со една лага, наспроти друга лага, мора да биде врз основа на факти, рече Димитров, порачувајќи дека не се сложувал со фактот што не биле усвоени ковид-мерките за летниот период свадбите да бидат забранети во затворени простории и да се воведат ПЦР тестови за влегување во земјата.

Слични содржини