Димитров: Реџепи се откажа од гласањето поради контактите со дипломати

од Nikola Popovski

Во следниот период е потребно да се фокусираме кон градењето, а не кон уривањето и оти е време за решителни одлуки, порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во емисијата „Клик плус“.

Според него, лошо е што локалните избори ги претворивме во политичко-парламентарна криза.

-Тука видоа шанса опозициските партии, и една многу шарена да кажам коалиција. Мене шарената ми е за убави работи, а сега се здружија за да срушат нешто. Таа различност доведе до тоа, но ситуацијата не излезе така како што планираа. Според зборовите на пратеникот Реџепи, шансата за европските интеграции била главната причина затоа што се откажал, и дека имал контакти со дипломати, рече Димитров во емисијата.

Тој потенцира дека многу е вложено во последниот период и би било тажно ако сега се откажевме од патот до ЕУ.

Слични содржини