Димитров: С.Македонија го реши спорот за името токму затоа што Грција го призна и прифати правото на самоопределување

од Берта Китинска

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Преспа форум дијалогот „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна” што од денеска се одржува во Охрид истакна дека неприкосновено право на секој народ е правото на самоопределување и да го одбере јазикот на кој зборува.

-Тоа е право на луѓето што живеат тука, а не на друга држава или која било меѓународна организација. А прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет и вредностите што треба да ги предводи ЕУ, рече  Димитров .

Димитров посочи дека Северна Македонија успеа да го реши долготрајниот спор за името токму затоа што Грција го призна и прифати правото на граѓаните на самоопределување. Но сега земјата на патот на нејзината евроинтеграција се соочува со проблем што, како што појасни, досега бил третиран како прашање од техничка природа.

Според него, прашањето за јазикот и оваа наша борба не е само одбрана на македонскиот идентитет, туку борба за зачувавање на европскиот идентитет, токму на вредностите за кои ЕУ треба да ги предводи.

– ЕУ не е само економски гигант, туку водечки пример во наративот на вредности. Преку Лисабонскиот договор државите-членки на Унијата се обврзаа да ги штитат и негуваат јазичните и културните различности на контитентот, така што не е европски ние сега да се соочуваме со пречка што досега беше третирана како прашање од техничка природа, рече тој.

Слични содржини