Димитров се сретна со Пахор: Ако нема придвижување во пристапниот процес, ЕУ ќе го загуби кредибилетот на Западен Балкан

од Nikola Popovski

Никола Димитров, кој е во официјална посета на Љубљана порача дека ако нема придвижување на пристапниот процес ќе биде тешко ЕУ да го зачува кредибилитетот на Западен Балкан.

„Затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат, со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето“, се согласиле вицепремиерот за европски прашања Димитров и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Претседателот Пахор го информирал вицепремиерот Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо-Бриони Самит.

По средбата со Пахор, Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.

Слични содржини