Димитров – Тицињски: Поддршката на Полска е потврда за успесите и достигнувањата на Северна Македонија

од Берта Китинска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со полскиот амбасадор Војциех Тицињски, на која, меѓу другото, било разговарано за принципиелната поддршка од Полска на нашиот евроинтеграциски пат.


Димитров, како што информираат од неговиот Кабинет, ја поздравил принципиелната поддршка на Полска во контекст на реализацијата на стратешките цели на Северна Македонија, особено напорите за брзо усвојување на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори.

– Принципелната поддршка на Полска е само уште една потврда за препознавањето на успесите и достигнувањата на Северна Макеодонија чии институции преку институциионална соработка и преку искуството на Полска ќе ги зајакне капацитетите при надминувањето на предизвиците во периодот што следи во контекст на преговарачкиот процес, изјави на средбата Димитров.

На средбата со Тицињски, што е прва по преземањето на функцијата, Димитров исто така, изразил благодарност на полскиот амбасадор за иницијативата за евентуална набавка на вакцини за КОВИД19 преку полската квота, во моментот кога вакцината ќе биде достапна и ќе бидат дефинирани договорни одредби меѓу производителите, Европската комисија и земјите членки на ЕУ.

Слични содржини