Димитров: Успех не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи

од Nikola Popovski

Мислам дека се брза во спорот, ова е целосен став на новата влада, не е поврзано со претходната, смета поранешниот вицепремиер и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров, говорејќи за претстојната заедничка седница меѓу македонската и бугарската влада во Софија.

Според Димитров, претходниот став бил дека „ова е пакет“.

-Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме, вели Димитров во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Поранешниот министер додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.

-Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка, истакнува Димитров.

Слични содржини