Димитров: Во С. Македонија нема русофобија, должност ни е да бидеме на вистинската страна

од Nikola Popovski

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров смета дека руската агресија го смени светот.

-Ако е можно да се влезе на тлото на суверена држава, е создава итност да се закотви нашиот регион цврство во демократскиот свет кон ЕУ. Процесот на проширување подолго време е нефункционален и не е само бавноста на напредокоѕ, туку има сомнеж дали процесот функционира, дали вистински трансформира. Овој силен геополитички момент создава простор да се бориме ЕУ да даде вистинска понуда за Западен Балкан. Мислам дека во моментов нема реална понуда за Балканот, вели Димитров во емисијата „Топ тема“.

Според него, во С. Македонија не се работи и не станува збор за русофобија или русофилија.

-Моите реакции ќе беа исти ако беше било која друга земја. Нас ни е должност да бидеме на вистинската страна на историјата и да бидеме поддржувачи на важни принципи, додава Димитров.

Слични содржини