Димитров за преговарачката рамка: Според ЕК, последните 4 клучни исчекори се во последните 3 години

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи и носител на ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека првата меѓурнародна конференција за преговарачката рамка ќе биде во втората половина на годинава.

„Како датум битен ни е 16-ти јули, за да продолжи целосно овој процес. Денес ЕК објави графикони со клучни исчекори. Последните четири се во последните 3 години. Има една голема пауза во претходните 8,9 години од 2009 година некаде. Денес и германскиот министер за надворешни работи, Хајко Манс објави дека официјален Берлон ќе работи и инсистира на меѓународната конференција“, изјави Димитров.

Според него, се што кажала власта во овој голем процес на пробивот напред- остварила.

„Во рамката, како стартна позиција на ЕК, ќе биде почитувањето на нашата лична карта од ОН, односно признавањето на македонскиот јазик за официјален јазик на ЕУ“, дополни Димитров.

Слични содржини