Димитров: Зголемените трошоци за електрична енергија или нафта, не се причина за затворање на компании

од Vladimir Zorba

Воениот конфликт во Украина и економската и енергетската криза што дојдоа како последица од тоа, ги затекнаа компаниите во време кога реално почнаа да закрепнуваат по пандемијата од ковид- 19.

Проблемите што ги донесе неизвесноста околу снабдувањето со природен гас и високите цени на електричната енергија се се познајачна негативна ставка за некои дејности, но извозот барем засега не е доведен во прашање вели за „Локално“, Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Најави за намалување на обемот на производство па дури и затворање на погоните додава тој, сепак стигаат од помалите компании.

„Досега не сме информирани дека некоја компанија поради овие проблеми не ги испорачала стоките кои биле наменети за извоз. Проблемот се јавува кај производството и услугите со по долг рок на испорака и таму е проблем да се договорат цените. Бидејки инфлацијата е променлива и никој не знае до кога ситуацијата ке биде ваква, многу е тешко производителите и купувачите да договорат цени на долг рок.Досега намалување на производните капацитети или затварање на погоните се најавени само во некои мали компании каде електричната енергија влегува во голем процент во цената на чинење на производот.До затварање на некои производни погони и напуштање на вработени може да дојде само ако ситуацијата во Европа, а посебно во Германија се влоши и тоа негативно влијае на нарачките за наши производи и услуги“, објаснува Димитров.

Целокупната ситуација во економијата предизвикана од војната во Украина, во овој момент не претставува реална опасност за реализацијата на договорите што ги имаат потпишано текстилните компании со странство, но проблемот со кој постојано се соочува оваа индустрија, вели Димитров, е недостигот од млад работен кадар.

„Во текстилната индустрија во овој момент има сосема доволно нарачки од странство и компаниите работат со полн капацитет. Зголемените трошоци за нафта за греење или за електрична енергија не се причина за затварање на компании. Останува проблемот со недостиг на млад кадар кој би ги заменил работничките кои заминуваат во пензија, но тоа е долгорочен проблем за кој во овој момент не постои решение“, посочи Димитров.

Статистиката измери дека производството на облека во земјава е намалено за 11,3 % но една од последните направени анализи покажа дека дел од големите текстилни компании и во пандемија и економска криза остварувале значителни приходи, и тоа не од облека туку од производство на постелнини, навлаки за автомобилската индустрија или индустриски текстил.

К.В.С.

Слични содржини