Димитрова: Има заболени работнички но нема трансмисија во фабриките

од desk4

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова информира дека во штипските конфекции има заразени работнички, но засега нема локлана трансмисија во самите фабрили.

– Ни се појавуваат изолирани случаи, а при анализите од анкетите се покажувадека се заразиле по контакт со некој од семејството, вели Димитрова.

Во штипскиот ковид центар деновиве бројот на хоспитализирани се движи околу 50 пациенти, на кои им треба болнички третман, 38 од нив се на кислородна поддршка, а денеска двајца пациенти ја изгубиле битката со вирусот. Пациентите и понатаму остануваат сместени во модуларната болница и на Кожното одделение. Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев очекува за десетина дена повторно да се преселат во зградата на Инфективното одделение, каде се поставува современ противпожарен систем. Овој објект не е во функција изминатите два месеци поради негова реконструкција со европски пари.

Слични содржини