Димитровски: Мицкоски морал да даде гаранции дека по изборите мора да го почитува Преспанскиот договор

од Viktor Jovanov

Јасно е дека станува збор за политичка кампања и порака, се ова што се случува со таблата во министерството за труд и социјална политика и минситерката Рашела Мизрахи. Ова е партиски став кој го кажува министер во партиско-политичка влада. Министерката Мизрахи, како и секое друго одговорно лице кое е функционер треба да го почитува Уставот и законите. Легитимно може да се бори за промена, но во меѓувреме мора да се почитуваат и законите и Уставот, изјави генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски.

-Сите министри дадоа заклетва и потпишаа документ на кој стоеше Република Северна Македонија. Ова е се во функција на изборната кампања, Мицкоски морал да даде гаранции дека по избори мора да ги почитува меѓународните договори вклучувајќи го и Преспанскиот договор. Тој вели дека доколку има двотретинско мнозинство и бандетерово мнозинство ќе го промени Уставот, но знае дека тоа е невозможно од причина што албанските партии веќе се изјаснија дека нема да гласаат за нови уставни промени, вели Димитровски.

Поранешниот новинар додава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сака да ја продолжи играта на партија-чадор кој ја промовирал Никола Груевски и под тој чадор, сака да ги собере сите. Односно, според Димитровски, истовремено Мицкоски да каже дека не припаѓа на некое реформаторско крило туку на сите да им даде шанса.

Слични содржини