Димитровски: Не е во интерес на Бугарија да стави вето на нашите преговори со ЕУ

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина, заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски истакна дека е оптимист дека ќе се изнајде решение со Бугарија по кое би почнале преговори со ЕУ.

-Го делам мислењето со оптимизмот на Владата и мислам на крајот ќе се изнајде некакво решение по кое би почнале преговори со ЕУ. Мислам дека не е во интерес на ниту на Бугарија, ниту на Македонија ако влеземе во филмот дека ќе има некаква блокада, тоа нема да биде добро за целиот регион, воопшто нема да биде добро за меѓудржавните односи. Пред еден месец видовме на анкетите лоши резултати како Македонците мислат за Бугарија, околу 1 отсто мислат позитивно за Бугарија, ако се случи вето тоа ќе биде многу лошо. Во состојба на вето не може да очекувате дека ќе се подобри ситуацијата, истакна Димитровски.

Слични содржини