Димитровски: Очекувам од ДУИ да истакнат Македонец за одредена функција, тоа е смислата на интеграцијата

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски за емисијата „Само вистина“ смета дека ДУИ со потегот на Нухиу се обидува да лови популистички национални албански поени, иако самиот чин на двојазичност на униформите е дел од Законот за јазици.

„Чинот на Нухиу е во контекст на повторна употреба на таа приказна во контекст на овие политички преговори и создавање на доминантна позиција. Постои едно партиско наддавање, препукување кое што е во контекст на преговорите за создавање на влада, кои се приведуваат кон самиот крај. Јас очекував од ДУИ ако е партија за интеграција, да ја има Мери Николова Буџаку на листа во 6-ката или некоја изборна единица каде што ќе беше пратеник. Очекувам од ДУИ да истакнат Македонец за одредена функција, тоа е смислата на интеграцијата“, вели Димитровски.

Слични содржини