Димитровски: Оваа техничка влада е нефункционална во услови на ваква криза

од Aleksandar Petrovski

Генералниот секетар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски во Само Вистина истакна дека оваа техничка влада е нефункционална во услови на ваква криза.

-Ние добро поминавме во оној условно речено прв бран меѓутоа во тој период имаше многу ригорозни мерки во смисла на полициски часови. Имаме страшна недисциплина која што се базира дел на менталитетот , како и попустливоста на политичките елити кон одредени структури. Имаме техничка влада која е создадена за спроведување на избори, и таа влада е нефункционална во услови на криза каква што ја имаме со коронавирусот.

Нашата партија смета дека полицискиот час не е решение бидејќи тој ги затвора оние граѓани кои се послушни, а од друга страна оние кои не се послушни пак нема да ги почитуваат, рече Димитровски.

Слични содржини