Димитровски прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

од Vladimir Zorba

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс.

На тој начин, Димитровски се најде на листата на „40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години“ од регионот на Југоисточна Европа и стана член на ексклузивниот „Business Elite’s Executive Club”, кој претставува платформата за менторство и пристап до програми за размена на знаење и искуства во областите од интерес, но и нудење сопствени менторски услуги на останатите членови на клубот.

„Навистина е чест и задоволство да се биде еден од добитниците на престижната награда ‘40 Under 40’ на реномираната меѓународна агенција ‘Business Elite Awards’. Првенствено затоа што нашите заложби насочени кон позитивни промени и напредок во државите од кои доаѓамe се препознаени и вреднувани од експерти во областите. Лично за мене, а претпоставувам дека и за другите 39 добитници, оваа награда претставува огромна мотивација да продолжиме да чекориме по патот по кој веќе се движиме, помудро и похрабро, поставувајќи си нови цели, борејќи се со предизвиците и поставувајќи нови стандарди за успех. На крај, сакам да истакнам дека оваа награда припаѓа на над 114 млади професионалци-сопатници, нашиот Тиго тим, затоа што реалноста вели – успешен си онолку, колку што е успешен и мотивиран тимот“, истакна Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс.

„Business Elite’s 40 Under 40” доделувањето на награди, кое годинава се одржа по третпат, претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот за младите бизнис лидери до 40 години со цел да се препознае амбициозноста кај младите претприемачи и менаџери, компаниите и бизнисите кои тие ги предводат, да се даде и дополнителен стимул за продолжување на посветеноста и пожртвуваноста. Тоа дополнително е потпомогнато со нивното членство во ексклузивниот Business Elite Executive Club, каде добитниците на наградите официјално се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни млади бизнис лидери од светот.

Слични содржини