Димовски без одговор дали Мицкоски треба да си поднесе оставка

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски изјави дека нема да се појави ниту на протестот на Митко Јанчев за оставка на Христијан Мицксоки, ниту на контрапротестот на Александар Пандов против оставка на Мицкоски. Тој остана без одговор на прашањето дали лидерот Мицкоски треба да се замине од челото на партијата.

„Мислам дека тоа не е начин на кој што треба да се решаваат состојбите во партијата. Целта на трибините и собирите е да се понуди интелектуалниот и кадровски потенцијал на ВМРО ДПМНЕ и на државата и на партијата. Статутот на ВМРО ДПМНЕ е така поставен за оставката на лидерот да зависи од понудена или непонудена оставка. Тоа прашање треба на Мицксоки да му го поставите. Она што е значајно за мене дека ВМРО ДПМНЕ треба ад најде начин ,модалитет, стартегија , концепт којшто ќе го врати на победничка патека. Сам ниеден човек  не може да даде одговор на тоа прашање, тоа прашање треба да го одговорат повеќе луѓе  луѓе низ една сеопфатна стартегија како да се надминат слабостите кои што ги покажа партијата. Партијата не е лична сопственсот на никого и никој нема доволно тежина сам да се нуди себеси за  спас на состојбата“, изјави Димовски.

Слични содржини