Димовски до Неделков: Ти си предавник на работниците

од Nikola Popovski

Јас немам некултура само во очи кажувам. Јас не сум политичар како тебе. Ти си предавник на работниците. Како да зборувам кога им викаш ќе дојде просветниот работник да идеме да штрајкуваме со 10.000 денари, му се обрати првиот синдикалец Дарко Димовски до претседателот на СОНК, Јоаким Неделков.

Тој го обвини дека направил спогодба на најниска плата во средните училишта во износ од 10.307 денари.

-Како да одиме на штрајк и да вееме бајрак кога овде пишува потпишал Јоаким Неделков, а од другата страна пишува Арбер Адеми. Исто е и со спогодбите на основните училишта, основицата е 10.003 денари. Ова се спогодби од 2019 година. Бајракот не се води вака и не се повикува. Ти си ги предал просветните работници. Па знаеш ли што е најниска плата во колективен договор. Да е поголема од минималната плата. Колективниот договор го доуредува Законот. Свесно си потпишал. Ќе се удвараме на влади и ќе се додворуваме на министри, така ли? кажа Димовски.

Слични содржини