Димовски до Пендаровски: Кои земји членки на ЕУ ги попишуваат и државјаните кои се надвор од државата подолго од една година?

од Vladimir Zorba

„Знаејќи дека сте во тек со носењето на Законот за попис кој е во собраниска процедура, а користејќи ја најкратката и најтесната скратена постапка со европско знаменце која воопшто не дава платформа за суштински и сериозни измени во неговата содржина која ќе трае максимум два дена, како граѓанин кој не гласал за Вас, но и граѓанин кој го почитува Вашиот авторитет како Претседател, би замолил да превземете конкретни дејствија во врска со овој закон“, се вели во отвореното писмо на Илија ДИмовски од ВМРО-ДПМНЕ кон претседателот на државата.

„Не е опасно пописот во Македонија да се одржи и еден месец подоцна, наместо во април да е во мај, опасно е тој да ја има судбината на сите пописи до сега, да биде оспоруван и неприфатлив за некој поголем сегмент од нашето општество.

Пописот не е дневна политика или локален општински комунален проект. Пописот е процес во кој и Вие имате обврска да обезбедите десетгодишна доверба и потенцијал за имплементација“, пишува тој.

Отворено писмо до
Претседателот на Република Македонија
Г-дин Стево Пендаровски

Почитуван Претседател Stevo…

Posted by Илија Димовски on Tuesday, December 29, 2020

Слични содржини