Димовски го честиташе Илинден со карта на „Голема Македонија“

од Vladimir Zorba

Фото: Борче Поповски

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,Илија ДИмовски го честиташе Илинден со карта на „Голема Македонија“.

„Борбата за Македонија да не запре !!! Идејата е голема !!! Честит ИЛИНДЕН !!!“, пишува Димовски.

Лидерот на неговата партија, Христија Мицкоски, во денешното свое обраќање истакна дека сме станале општество на „лажни величини“ кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се трули, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме, истакна, се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.

– Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Поентата е таа дека државата сериозно скршнува од патот на илинденските идеали и дека сето тоа е со намера за да народот биде во апатија и мисли дека сите сме исти. А не сме. Вистински не сме, затоа што тие што се исти последниве недели ги видовме на купче собрани. А денес оние кои се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО, рече меѓу другото претседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извини на народот за сите грешки и неправди кои некои лица од партијата ги имаат направено бидејќи, како шторече, тие во ВМРО гледаат личен интерес, а тој во ВМРО-ДПМНЕ гледа кауза.

Слични содржини