Димовски: Многу е слатко кога ќе слушнете човек од СДСМ како коментира за сечени, лепени и монтирани снимки

од Vladimir Zorba

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во емисијата „Топ Тема“ околу снимката што излезе за експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, дека е „многу е слатко кога ќе слушнете човек од СДСМ или кога ќе прочитате човек од СДСМ на социјалните мрежи како коментира за сечени, лепени и монтирани“.

„Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава“, вели Димовски.

„Јас ќе потсетам што беа сечени, лепени, монтирани снимки кои што имаа зла компонента во себе како снимките сечени, лепени за Мартин Нешкоски, за „Монструм“, за Никола Младенов. Кои што имаа за цел да насочат револт на граѓани спрема одредена политичка структура извртувајќи ја комплетно вистината, што на крај сето тоа се покажа и се докажа дека била целосна конструкција“, истакна Димовски.

Слични содржини