Димовски: Oва нема да биде попис на населението, туку утврдување на бројот на државјани

од Nikola Popovski

„Целиот закон за попис е нелогичен поради тоа што ова не е Закон за попис на населението, туку ова е за утврдување на бројот на државјани. Уште во самиот наслов на Законот стои дека ќе се попишуваат државјани“, вели поранешниот пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Според него, политичката елита на власт се плаши од резултатите од пописот од аспект на големите миграции што се случуват последните 30 години и непредвидливоста на бројките.

„Земјава е способна да направи дигиател попис, а тоа се прави кога 2 милиони граѓани ги ставате во дата-базата и потоа внесувате податоци кои имаат трансакциски сметки, здравствено, пензиско осигурување, кои ги има во основното образование, средно, градинки. Тие што немаат трансакциска или не се дел од Агенцијата за вработување, ќе влезат во графата „нерезидентни жители“, па после државата ќе ги среди податоците“, потенцира Димовски.

Слични содржини