Димовски побара одлагање на „Талир“ поради навршување 60 години на двајца од поротниците

од Vladimir Zorba

Со образложувањето на предложените листи со докази од страна на обвинителката Ленче Ристевска, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на судењето обвинетиот Илија Димовски побара од Судот да се одложи рочиштето со цел, како што кажа, да не дојде до повреда на постапката од апсолутен карактер, односно да не се случи одново почнување на постапката, поради, повикувајќи се на Законот за судии, кој вели дека поротниците кои ќе наполнат 60 години старост им престанува функцијата, а две од судечката порота во предметот тоа го исполнуваат.

Судијата Осман Шабани не го прифати барањето, но рече дека ќе го извести претседателот на Судот за забелешката на обвинетите.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

Чингаровска лани во декември ја призна вината во случајот „Талир“ и се спогоди со тогашното СЈО, по што Судот ја осуди на две годишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет5 години не стори ново кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини