Димовски: Резултатите на изборите во Бугарија ќе создадат повеќе проблеми од решенија

од Vladimir Zorba

Проблемот со Бугарија нема да почне да се решава уште долго време. Резултатите на изборите во Бугарија ќе создадат повеќе проблеми од решенија, сподели поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски по излегувањето на прелиминарните резултати од изборите кај нашиот источен сосед.

Според институтот Галуп, ГЕРБ на Бојко Борисов освоил 67 мандати во парламентот, „Има таков народ“ на Слави Трифонов има 46, БСП има 45 места, Д.Бугарија осовила 28, ДПС-27и ВМРО 13 места во Парламентот.

Според аналитичарите, со ваквиот распоред на силите, Трифонов ќе биде клучна фигура при формирањето новата бугарска Влада.

Слични содржини