Димовски: Власта да го следи примерот од општините, да не се крие

од Берта Китинска

Го повикуваме министерот за информатичко општество, кој е дел и беше дел од тој преговарачки тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели, ние сме пред неговото министерство, нека ни достави ако има искрени намери и не се купува време. Доколку не, жешкото столче го чека, денеска е министер, утре ќе стане обичен работник како нас. Апелирам и до централната и до локалната власт – да излезат, да им ги зголемат платите на сите работници во ова тешко време со двоцифрена инфлација и секаков вид кризи, изјави лидерот на ССМ Дарко Димовски на денешниот протест.

Штрајкот ќе го продолжат и во наредните денови и, рече, ќе бидат пред вратите на министерствата кои имаат надлежности за платите, како и во локалните самоуправи и за утре најави посета на Гостивар и Струмица.

-Штрајковите вродуваат со плод, но, за жал, само на локално ниво и во претпријатијата основани од општините. Апелирам власта да го следи примерот, да не се крие, зашто во моментов ништо не се прави за работникот, освен што се уназади едно работничко право и неделата неработен ден во туристичките места стана работен ден за работниците, додаде Димовски.

Слични содржини