Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ,преку својот профил на фејсбук повика на градење на национална стратегија за справување со коронавирусот.

„Без намера да правам политика од оваа сериозна состојба, да поставам две логични прашања:

1. Колку од граѓаните на РМ имаат хронични болести (шеќер, васкуларни заболувања, епилепсија, нефролошки проблеми, форми на бенигни и малигни карциноми,…) и/или припаѓаат во возрасна загрозена категорија на граѓани и дали се откажуваме од нив?

2. Зошто луѓето доцна доаѓаат (нема термини за тестови, доцна се упатени, не веруваат во Корона, скапи се тестовите, болниците се без капацитет) и дали државата има план за ова?

Време е за национално одговорна стратегија! Треба да се користат сите интелектуални ресурси!

Да се обединиме во оваа борба, може ќе ни дојде памет дека треба за се да имаме национална стратегија!“, пишува Димовски.

Слични содржини