Димовски за акцијата на МВР: Најголема количина било кога запленета во РМ

од Vladimir Zorba

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се огласи на социјалните мрежи по заплената на кокаин од страна на МВР, за која прво беше објавено дека е над 1,3 тона, а потоа дека се работи за 1,3 килограми, дел од поголема пратка, која не стигнала во целост во државава.

„Во три години власт на СДСМ не слушнавме дека е запленет ниту еден килограм кокаин…Денес МВР заплени 1,3 тони…Најголема количина било кога запленета во РМ…Слепи ли биле? Или…?“, пишува Димовски.

Откако се дозна за грешката, Димовски потоа „твитна“: „ЕКСКЛУЗИВНО: Владата на итна седница вечерва ќе ја поништи акцијата на МВР за запалена на 1,3 тони кокаин…“

Полициската акција која попладнево се спроведуваше во Крушопек, Општина Сарај, е дел од голема меѓународна акција во борбата против трговијата со дрога во која учествувале италијанската полиција и американската ДЕА.

Слични содржини